петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Полски судии ќе ја делат правдата на финалето на Светското првенство 2022

Полски судии ќе ја делат правдата на финалето на Светското првенство 2022

ФИФА ги одреди судиите за финалето на Светското првенство 2022 кое се игра во Катар.

За главен судија на натпреварот меѓу репрезентациите на Аргентина и на Франција е назначен Шимон Марчинијак. Полјакот веќе им судеше на овие селекции на Светското првенство во Катар. Тој ја делеше правдата на натпреварите Франција – Данска (2:1) и Аргентина – Австралија (2:1).

На Марчинијак ќе му помагаат Павел Соколницки, Томаш Листкиевич и Томаш Квјатковски.