понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Полувреме ја дели од Аргентина од светска титула

Полувреме ја дели од Аргентина од светска титула

Аргентина е на чекор да триумфира на Светското фудбалско првенство во Катар, откако во денешното финале против актуелниот првак Франција во Лусаил води на полувреме со 2-0.

Аргентинците комплетно доминираа во првите 45 минути и постигнаа два гола преку Лионел Меси и Ангел Ди Марија, додека немоќната Франција не упати ниту еден удар кон противничкиот гол.

Аргентина поведе во 23 минута преку Меси од пенал, откако претходно Усман Дембеле го фаулираше Ди Марија.

Само 13 минути подоцна Ди Марија го удвои водство на асистенција на Алексис Мек Алистер во акција која од средината на теренот ја започна Меси.

Ди Марија стана првиот фудбалер во историјата на Аргентина кој постигнал гол во финалните натпревари на Копа Америка и светските првенства, откако лани беше стрелец во аргентинскиот триумф на континенталното натпревање.