сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Поништен пенал за симулацијата на Миовски (ВИДЕО)

Поништен пенал за симулацијата на Миовски (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Македонија се мачи против Малта во првиот натпревар од квалификациите за Европското првенство. По првиот дел немаше погодоци на арената „Тодор Проески“, додека со слично темпо се тргна и во продолжението.

По еден час игра избраниците на Благоја Милевски го имаа првиот шут во рамките на голот преку Ељиф Елмас. Голманот Бонело одбрани, одбиената топка се одби на пеналтикот, а таму ја прими Бојан Миовски и го натера судијата Кристо Тохвер да покаже на 11 метри.

Видеото погледнете го ТУКА

Сепак, тој доби повик од ВАР собата и очекувано ја промени одлуката, дополнително и му даде жолт картон на Миовски за симулација.