четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Попладне ждрепка за ЛШ: Можна спектакуларна група со великани за – последен пат! (ФОТО)

Попладне ждрепка за ЛШ: Можна спектакуларна група со великани за – последен пат! (ФОТО)

Европскиот фудбалски крем денеска од 18 часот со нетрпение ќе ја чека ждрепката за најпрестижното натпреварување, Лигата на шампините, за последен пат со ваква ждрепка, со 32 учесници и осум групи и нова можност за „група на смртта“ со великани во неа.

Од идната година ЛШ се менува, ќе има ждрепка само за кој со кого ќе игра во единствената група со 36 учесници, нема повеќе да има ждрепка со групи, па присуството на еден куп фудбалски великани, после синоќешното комплетирање на квалификациите, е најава за суперинтересна сезона во битката за најпожелниот клупски трофеј.

Според распоредот на четирите барабани, ждрепката може да спои група на смртта со Баерн Минхен, Реал Мадрид или Манчестер јунајтед, Милан и многу амбициозниот Њукасл, како најспектакуларна за гледање. Или ПСЖ со истите ривали од вториот до четвртиот барабан.

Распоредот на клубови по барабани сигурно ќе донесе неколку извонредни групи, еден куп суперпресметки од 19 септември до декември за сите фудбалски сладокусци, а Македонија ќе има еден претставник со „дијамантот“ Елиф Елмас со Наполи кој од првиот барабан ги чека ривалите за својата нова европска сезона, во која влегува како италијански шампион.

Европскиот трон го брани Манчестер сити, Шпанија е најбројна со пет екипи после освојувањето на Лига Европа од страна на Севилја, белградска Црвена Звезда е единствениот клуб од поранешните ју-простори, а со Галатасарај и Шахтер единствени од источниот блок.

Финалето е закажано за 1 јуни на „Вембли“ во Лондон.