Тимот на Ливерпул го потврди статусот на фаворит и ги обезбеди трите бода на лигашката пресметка против Вест Хем на „Енфилд Роуд“.
„Црвените“ триумфираа со 1-0 со голот кој во првото полувреме го даде најскапото летно засилување Дарвин Нуњез. Ова за Уругваецот е трет погодок во последните четири меча за Ливерпул (сите конкуренции) што дефинитивно е добар знак дека влегува во ритам, посакувана форма, а во кревањето на самодовербата може да му помогне и рекордот кој вчера го постави против „чеканите“.
Имено тој од вчера е најбрзиот играч во историјата на ПЛ, односно тој во еден момент истрчал со брзина од 38 километри на час со што е надминат досегашниот најдобар резултат кој беше во сопстевност на Кајл Вокер од 2020 година (37,8 километри на час)