петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Потер откри дека добива смртни закани за него и за неговото семејство

Потер откри дека добива смртни закани за него и за неговото семејство

Фановите на Челси ги преминале сите граници, му посакувале смрт на нивниот тренер Грем Потер и на неговите деца. Челси изгледа очајно под водство на Грем Потер, кој се уште добива поддршка од раководството на клубот, но ја има загубено кај голем дел од навивачите.Но, некои фановите на Челси ја надминале пристојната граница на критика и отишле во насока со која треба да се занимава и полицијата.

„Колку што имам поддршка, имам и не многу убави мејлови во кои пишува дека посакуваат да умрам јас и моите деца, па јасно е дека не е задоволство кога ќе добиете таква порака“, открива Потер.

„Сакам да бидам успешен тука. Глупости се обвинувања дека не ми е грижа. Од каде дојде тоа? Кои се фактите за тоа?“.Кога одите на работа и некој ве навредува, нема да ви биде убаво. Можете да одговорите на два начини. Можам да кажам дека не ми е грижа, но знаете дека лажам. На сите им е грижа што мислат луѓето“.

Прашајте го моето семејство каков ми е животот сега и нивниот. Воопшто не е убаво. Разбирам дека навивачите одат дома и се нервозни бидејќи нивниот тим не победил, но ве уверувам, дека мојот живот во изминатите три, четири месеци беше прилично просечен, со исклучок на фактот дека сум навистина благодарен за ова искуство.

Смртните закани ги ставам на страна, и тоа беше изолиран инцидент кој може да дојде од било каде. Не му давам тежина, но секако дека не е пријатно ниту за мене, ниту за моето семејство.

Треба да ги прифатите критиките, да ги прифатите свирежите кога ќе загубите натпревар, прифаќате што и да дојде. Но се разбира дека има граница, но јас не сум првиот човек во животот за кој е помината таа граница.