среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

„Поздрав“ до УЕФА: Навивачите на Дортмунд испратија моќна порака (ФОТО)

„Поздрав“ до УЕФА: Навивачите на Дортмунд испратија моќна порака (ФОТО)
foto:twitter.com/BlackYellow

Борусија Дортмунд и Милан не одиграа натпревар како што очекуваа сите фудбалски фанови, поточно мечот заврши без победник, но и без голови што значи дека двете екипи остануваат без погодок по две одиграни кола во Лигата на шампионите.

Меѓутоа ако на теренот го немаше она за што се игра фудбалот, тогаш на трибините беше доста интересно, фантастично како што е секогаш на преполниот „Сигнал Идуна Парк“.

Навивачите на Борусија знаат да направат сјајна атмосфера, ама и да испратат некоја порака ако е потребно што и беше случај на вчерашното соочување каде беше „поздравена“ УЕФА.

-Фудбал за милиони луѓе, не за милијарди евра. Вратете ни ја играта, -порача од „жолтиот ѕид“.