Лондонскиот фудбалски клуб Челси го отпушти Томас Тухел по серијата лоши резултати, а најновите шпекулации се дека Челси има нов тренер.
Граам Потер од Брајтон е на листата со желби на Боели, кој очигледно веќе постигнал договор со стратегот откако премиерлигашот даде дозвола за директни разговори меѓу двете страни.
Спортскиот новинар Фабрицио Романо објави дека преговорите биле позитивни, а на неколку други англиски медиуми се појави информација и дека е постигнат договор, но треба да се комплетираат уште некои формалности пред Потер да биде промовиран во нов тренер на Челси.