четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Познат распоредот за третиот круг во ВМФЛ

Познат распоредот за третиот круг во ВМФЛ

Фудбалската федерација на Македонија го објави распоредот за последниот трет круг во Вторите фудбалски лиги на Македонија (Запад и Исток).

На Западот лидерот Силекс отвора со Беса следната сабота, Вардар ќе игра на домашен терен против Охрид, додека Воска ќе го пречека Кораб. Натпреварот кој може ќе одлучува за второто место и пласманот во баражот Воска и Вардар ќе го одиграат на 30. април во Охрид. Недела подоцна Вардар го пречекува Силекс, додека кратовчани во последното коло ќе и бидат домаќини на Воска.

Во истокот ќе има многу понеизвесна борба за првото место и директниот билет во елитата. Слога од пол-позиција го стартува последниот круг, а во првото коло ќе игра со ФК Пехчево. Беласица го пречекува Детонит, додека Победа – Кожув.

И на истокот во последните три кола ќе се сретнат најдобрите тимови. Во 25. на 30. април Победа ќе игра со Беласица. Недела подоцна струмичани ќе ја пречекаат Слога, додека во последното коло, тимот од Виница во Прилеп ќе и гостува на Победа.

Распоредот за натпреварите во ВМФЛ-Запад можете да ги погледнете на следниот линк. 

Распоредот за натпреварите во ВМФЛ-Исток можете да ги погледнете на следниот линк.