Европското дерби меѓу Германија и Шпанија заврши со мирољубиви 1:1, резултат кој е многу подобар за тимот на Луис Енрике, но кој го остави во игра и тимот на Ханси Флик кој вчера покажа дека може да биде многу опасен.
Германија остана во игра за пласман во осминафиналето, но за да се случи тоа ќе чека и услуга од Шпанија, од која ќе очекува победа на пресметката против Јапонија.
Шпанскиот селектор Луис Енрике најави дека Шпанија нема да калкулира против Јапонија и ќе оди на победа и три бода кои ќе го гарантираат првото место, а во тој контекст одела и пораката која Ридигер му ја испратил на својот соиграч од Реал Мадрид.
– Добар меч, сега мора да ја победите Јапонија, – му порачал Ридигер на Карвахал со насмевка на лицето, а десниот бек на Реал ја потврдил оваа комуникација.
– Така е, но не треба никој да се сомнева во нас. Ќе изеземе на теренот за да победиме, тоа ќе ни го осигура првото место во групата и тоа е она што го сакаме, – изјави Карвахал.