Денес се одржа и ждрепката за баражот за опстанок или пласман во Првата македонска фудбалска лига.
Второпласираниот тим од ВМФЛ-Запад, Охрид за свој противник го доби тимот на Ренова додека кавадаречки Тиквеп прволигашки статус ќе брка против Силекс.
Двата натпревари се закажани за седум дена (25 мај), од кои Силекс и Тиквеш ќе играат на Националната арена, додека на теренот на ФФМ ќе се судрат Охрид и Ренова.
Од Втора лига директен пласман во елитата обезбедија Скопје и Брегалница, додека од ПМФЛ испаднаа Вардар и Беласица.