вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Познати се деталите за трансфер на Ѓулер во Реал Мадрид

Познати се деталите за трансфер на Ѓулер во Реал Мадрид

Фудбалските тимови на Реал Мадрид и Фенербахче си подадоа рака каде големиот турски фудбалси талент Арда Ѓулер се сели на Сантијаго Бернабеу во Мадрид. Во наредните денови Ѓулер и официјално ќе биде промовиран како ново засилување за Реал Мадрид.

Кралскиот клуб за овој трансфер ќе плати 20 милиони евра фиксна сума како обесштетување, плус бонуси и даноци за трансферот. Надвор од овие трошоци, Реал Мадрид ќе плати и провизија на агентот на Ѓулер, односно на неговиот татко. Фенербахче ќе има 20 проценти од следната продажба на Ѓулер

Турчинот ова лето ќе му се приклучи на Реал Мадрид, не во 2024 како што некои шпекулираа. Медицинските тестови се закажани. Договорот кој ќе го потпише Ѓулер со Реал Мадрид ќе биде на шест години.