недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Познати се сите четвртфиналисти во ЛШ – ждрепката е во петок

Познати се сите четвртфиналисти во ЛШ – ждрепката е во петок

Фудбалските тимови на Реал Мадрид и Наполи не дозволија сензација во ЛШ и со вчерашните победи го обезбедија местото меѓу осумте најдобри во оваа натпреварување.

Пред нив тоа го направија Баерн Минхен, Бенфика, Челси, Интер, Манчестер Сити и Милан. Италијанската Серија А има најмногу екипи во четвртфиналето, дури три, Милан, Наполи и Интер.

Англичаните два во името на Челси и Манчестер Сити, а Ла Лига има само еден клуб, Реал Мадрид. По еден имаат и Германија во Баерн Минхен и Португалија со Бенфика.

Ждрепката за четвртфиналето е во петок со почеток од 12 часот, но покрај тие дуели ќе бидат извлечени и евентуалните полуфинални двојки.

Првите четвртфинални мечеви се играат на 11 и 12 април, реванш средбите се седум дена подоцна.