Екипите на Струга ТЛ, Македонија ЃП и Силекс ќе играат во полуфиналето на фудбалскиот Куп на Македонија. Ова е епилогот по денешните четвртфинални средби од националниот куп.
За четвртиот полуфиналист ќе одлучуваат надлежните комисии во Фудбалската федерација на Македонија, откако натпреварот Шкупи – Шкендија во Чаир е прекинат поради влегување домашни навивачи на теренот и физички напад врз фудбалерите на Шкендија.
Постигнати резултати:
Силекс – Вардар 0:0, 3:2 на пенали
Македонија ЃП – Академија Пандев 1:0
Струга ТЛ – Брегалница 2:0
Шкупи – Шкеднија прекин во 9. минута при резултат 0:1.