вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Претседателот на ПСЖ очекува играчите да се согласат за намалување на платите

Претседателот на ПСЖ очекува играчите да се согласат за намалување на платите

Претседателот на Пари Сен Жермен – Насер Ал-Хелаифи, се надева дека играчите ќе се согласат на предлогот за намалување на платите поради пандемијата од коронавирусот. Управата на клубот по тој повод продолжува со дискусиите со играчите.

– Очекувам да постигнеме договор. Исто така, се надевам дека играчите ќе ги исполнат своите обврски и ќе одржат добра физичка форма, рече Ал-Хелаифи, цитиран од „РМЦ“.

Во исто време, ѕвездата на тимот Нејмар продолжува да се обидува да се врати во Барселона. Според „Мундо Депортиво“, Бразилецот е подготвен да добие двојно пониска плата во Барселона.

Во ПСЖ, Нејмар заработува околу 3 милиони евра месечно.