петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Пријатели од деца: Слика вредна 382 милиони евра – Нејмар и Кутињо (ФОТО)

Пријатели од деца: Слика вредна 382 милиони евра – Нејмар и Кутињо (ФОТО)

Трансферот на Филипе Кутињо од Ливерпул во Барселона направи голем потрес во фудбалска Европа.

Одличниот плејмејкер премина во редовите на Каталонците за 160 милиони евра, што е втор најголем трансфер во историјата на фудбалот, зад трансферот на неговиот голем пријател Нејмар.

Барса долго време се обидуваше да го донесе Кутињо во своите редови и по два преодни рока успеа во тоа.

Кутињо ќе се обиде да го надомести заминувањето на Мејмар кој минатото лето премина во ПСЖ за рекорден трансфер од 222 милиони евра.

Нејмар и Кутињо никогаш не играле во своите кариери за ист клуб, но тоа не ги спречило уште од детските денови да бидат најдобри пријатели.

Двајцата се родени 1992 година, како деца биле големи ривали, но и вистински пријатели чија дружба трае и денес.

Кога биле деца и сонувале големи сништа, можел ни некој да замисли дека двајцата денес ќе вредат 382 милиони евра?