Дисциплинската комисија на Фудбалскaта федерација на Шпанија го суспендираше Лионел Меси на два натпревари за црвениот картон (прв во дресот на Барселона) во финалето на Суперкупот на Шпанија во кое Каталонците загубија од Атлетик Билбао.
Аргентинецот ќе го пропушти дуелот во Кралскиот куп против Корнела, како и лигашкиот натпревар против Елче.
Прекршокот на Меси во самиот финиш од средбата е оценет како неспортски потег, севкупно тоа беше негов трет црвен картон во кариерата.
Breaking: Messi has been handed a two-match ban for his red card in the Spanish Super Cup final on Sunday. pic.twitter.com/Uay96EEuC2
— ESPN FC (@ESPNFC) January 19, 2021