Македонската фудбалска репрезентација попладнево пристигна на скопскиот аеродром со чартер-лет од Палермо, каде вчеравечер на стадионот „Ренцо Барбера“ оствари сензационална победа над европскиот првак Италија и дојде на само чекор до историски пласман на Светско првенство.
Фудбалерите и членовите на стручниот штаб од аеродромот во Скопје ќе се упатат на големо славје кое е најавено за вечерва од 18:30 часот на централниот плоштад „Македонија“.
Илјадници навивачи синоќа спонтано излегоа на улиците во повеќе македонски градови за да ја прослават победата од 1-0 над Италија, која ги однесе „црвено – жолтите“ во финале од мундијалскиот бараж против Португалија, во вторник во Порто.
Пред македонските фудбалери сега е последната пречка пред историски пласман на завршниот турнир, кој од 21 ноември до 18 декември ќе се одржи во Катар.