петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Приведени над 30 навивачи пред вечерашниот дуел Ајнтрахт – Вест Хем

Приведени над 30 навивачи пред вечерашниот дуел Ајнтрахт – Вест Хем

Пред вечерашниот реванш полуфинален натпревар во рамки на Лига Европа меѓу Ајнтрахт и Вест Хем германската полиција во Франкфурт има полни раце работа во справувањето со фудбалските хулигани.

Приведени се повеќе од 30 навивачи на двете екипи, а во дивеењето низ градот се повредени три лица. Најсериозниот инцидент се случи во ресторан во центарот на градот каде навивачите го демолираа инвентарот со безбол палки, а еден вработен е повреден.

Во друг инцидент се повредени двајца навивачи.

Во првиот натпревар во Лондон фудбалерите на Ајнтрахт триумфираа со 2-1, а двете екипи пласман во финале на едно европско натпреварување чекаат повеќе од 40 години.