недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Проблеми за Анчелоти, фудбалер на Реал во „аут“ два месеци поради повреда

Проблеми за Анчелоти, фудбалер на Реал во „аут“ два месеци поради повреда

Фудбалерот на Реал Мадрид Орелиен Чумени заработи незгодна повреда на „Ел Класико“ против Барселона и најверојатно ќе отсуствува од терените во следните два месеца, јавуваат шпанските медиуми.

Дефанзивниот играч за врска доживеа скршеница на стапалото и ќе мора да замине на подолг рехабилитационен процес.

Навивачите се надеваа дека лекарските прегледи нема да ги потврдат „црните“ прогнози, но сепак, Французинот ќе мора да паузира и нема да биде во комбинација за настап на следните десетина мечеви на „кралевите“.