вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Проблеми за Ливерпул, се повреди Робертсон

Проблеми за Ливерпул, се повреди Робертсон

Германскиот тренер Јирген Клоп и англискиот фудбалски клуб Ливерпул навистина немаат среќа со повредите.

Ако во минатата сезона повредите беа честа појава, тогаш и новата сезона, која почнува следниот викенд, веројатно ги лека истото, ако се суди по она што денеска се случи.

Имено на пријателскиот меч со Атлетико Билбао се повреди Енди Робертсон, еден од најдобрите фудбалери на “црвените“. Станува збор за скочниот зглоб и по се изгледа дека го чека подолга пауза од фудбалските терени.