недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Продажбата на билети за ЕУРО2024 ќе стартува во октомври

Продажбата на билети за ЕУРО2024 ќе стартува во октомври

Организаторите на Европското фудбалско првенство 2024 објавија дека официјалната продажба на влезниците ќе почне на 3 октомври кога земјата домаќин го одбележува Денот на германско единствено и обединување на земјата во 1990 година.

ЕУРО2024 ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули во десет германски градови – Берлин, Хамбург, Лајпциг, Дортмунд, Дизелдорф, Франкфурт, Гелзенкирхен, Келн, Минхен и Штутгарт.

Како земја домаќин Германија ќе биде во групата А и ќе игра во воведниот натпревар на 14 јуни во Минхен.

Финалето ќе се игра точно еден месец подоцна во Берлин.

Жрепката за составот на групи е закажана за 2 декември оваа година.