Четири натпревари и денеска се на програмата на овој неделен мундијалски ден.
Осмиот натпреварувачки ден ќе го отворат селекциите на Јапонија и Костарика со натпреварот од 11 часот.
Расплетот во групите продолжува од 14 часот со натпреварот меѓу Белгија и Мароко.
Во 17 часот на стадионот Калифа интернационал ќе се сретнат репрезентациите на Хрватска и Канада.
Дербито на денот ќе се одигра со почеток во 20 часот, а на теренот ќе истрчаат селекците на Шпанија и Германија.