Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во соработка со УЕФА организираше женски судиски семинар, со акцент на теорискиот дел од правилата на фудбалската игра.
Предавач и инструктор на семинарот одржан во Скопје, беше членот на судискиот одбор на УЕФА, а воедно и одговорна за женските судии во Европа, Дагмар Дамкова од Чешка.
Женските македонските судии имаа можност одблизу да се запознаат со методите на работа кои се користат и се применуваат на меѓународните натпреварувања под капата на УЕФА.
Фудбалската федерација на Македонија за првпат организираше семинар за женски судии.