петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ПРВА СНИМКА ОД ХАОСОТ ВО АТИНА – хулиганите на Динамо Загреб кршат се пред себе, на убиениот навивач на АЕК му немало спас (ВИДЕО)

ПРВА СНИМКА ОД ХАОСОТ ВО АТИНА – хулиганите на Динамо Загреб кршат се пред себе, на убиениот навивач на АЕК му немало спас (ВИДЕО)

Навивачите на Динамо Загреб предизвикаа жестоки нереди во грчката престолнина пред натпреварот меѓу АЕК и Динамо во третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите.

Иако УЕФА го забрани присуството на гостински навивачи, околу 200 симпатизери на Динамо дојдоа во Атина и направија тотален метеж.

Хулиганите дојдоа на стадионот на АЕК и почнаа да кршат се во ред и да напаѓаат луѓе кои случајно се нашле таму. Тие се обиделе да упаднат на стадионот и во таа прилика го оштетиле челичниот орел на влезот.

Ситуацијата целосно излегла од контрола, настанала жестока тепачка во која се повредени неколку лица. Наводно, 10 лица, меѓу кои Грци и Хрвати, завршиле во болница, а некои биле донесени во тешка состојба. Грчките медиуми јавија дека починал 29-годишниот навивач на АЕК, кој се здобил со убодна рана со остар предмет.

Се шпекулира дека животот го загубил и малолетник, но се уште нема потврда.