сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Првото „Ел Класико“ на крајот од октомври, познат распоредот на новата сезона во Примера

Првото „Ел Класико“ на крајот од октомври, познат распоредот на новата сезона во Примера

Шпанска Примера го објави комплетниот распоред од новата сезона во фудбалската елита, која започнува на 12 август.

Во воведното коло бранителот на титулата Барселона ќе му гостува на Хетафе, додека Реал Мадрид има тешко гостување во Баскија кај Атлетик Билбао. Ако нашиот Столе Димитриевски остане меѓу стативите на Рајо Ваљекано неговиот клуб во првото коло ќе се судри со Алмерија.

Но, она што сите го очекуваат е датумот на првото „Ел Класико“. Големите ривали Барса и Реал Мадрид во новата сезона првпат ќе се судрат на крајот од октомври во Каталонија, во рамки од 11. коло, додека соочувањето на „Бернабеу“ е закажано за 21 април во 32. коло.

Бранител на титулата во Шпанија е Барселона, која по три сезони им го „украде“ трофејот на мадридските ривали. Две сезони шампион беше Реал, а една Атлетико Мадрид.