Пари Сен Жермен го освои Суперкупот на Франција, откако со убедливи 4:0 го совлада Монако.
Натпреварот се играше во кинескиот град Шенжен, а ова е прв трофеј за новиот тренер на ПСЖ, Германецот Томас Тухел.
Анхел ди Марија беше играч на натпреварот и постигна два гола за францускиот шампион, а по еден гол реализираа Кристофер Нкунку и Тимоти Веа.
На натпреварот бранеше новиот голман на ПСЖ, Џанлуиџи Буфон, а Нејмар се појави на теренот во последните двасетина минути од натпреварот.