Кога Килијан Мбапе се пресели од Монако во Париз Сен Жермен во 2017 година, клубовите потпишаа клаузула во која се предвидува дека тимот од Кнежеството ќе добие дополнителни 35 милиони евра доколку Парижаните го продадат играчот или го продолжат договорот со него, пренесува „Паризиен“.
Монако може да го изгуби обештетувањето, ако Мбапе ја заврши кариерата или го напушти Париз како слободен агент.
Така, големината на договорот помеѓу клубовите за францускиот напаѓач може да се зголеми до околу 215-220 милиони евра.