среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ПСЖ посакува да купи фудбалер на Милан

ПСЖ посакува да купи фудбалер на Милан

Францускиот шампион Пари Сен Жермен ја продолжува потрагата по играчи, а на списокот на потенцијални засилувања се најде и фудбалерот на Милан Рафаел Леао.

Според „РМЦ Спорт“ спортскиот директор на парискиот клуб Луис Кампос работи на трансферот, тоа е човекот кој го однесе Леао од Спортинг во Лил во 2018 година.

Сепак, ПСЖ ќе мора добро да плати за него (се споменуваат 70 милиони евра), па затоа му нуди на Милан поинаква опција пари плус дефанзивецот Абду Диало. Леао постигна 11 голови и имаше 8 асистенции минатата сезона во Серија А.