Ѕвездата на ПСЖ, Нејмар е огорчен од односот на фановите за време на мечот против Бордо во Лига 1, пренесува „Екип“.
За време на мечот навивачите на ПСЖ ги исвиркаа и ги навредуваа ѕвездите, а особено Нејмар и Меси, поради слабата игра против Реал Мадрид во ЛШ.
Нејмар постигна гол против Бордо, но тоа не го намали гневот на фановите. „Екип“ открива дека Бразилецот бил исклучително разочаран.
Раководството на ПСЖ исто така не е задоволно од партиите кои ги пружа Бразилецот, па е спремно да го продаде на лето.
Нејмар наводно може слободно да си бара нов клуб, а доколку пристигне добра понуда „светците“ се спремни да на прифатат.