Фудбалскиот гигант Пари Сен-Жермен (ПСЖ) потпиша договор за двегодишно партнерство со францускиот бренд за висока мода „Диор“, објави клубот од Париз.
Финансиските детали од договорот, засега, не се познати, наведуваат француските медиуми, додавајќи дека „Диор“ првпат во својата историја влегува во партнерски однос со спортски клуб.
– Преку ова партнерство, ПСЖ го продолжува својот пробив во светот на модата и стилот на живот. Модната куќа „Диор“ споделува иста страст кон Париз како и ние и придонесува со своето творештво за негова промоција ширум светот, соопшти францускиот фудбалски прволигаш.