Планот на ПСЖ е до крајот на оваа недела да ги комплетира трансферите на Усман Дембеле од Барселона и Гонсало Рамош од Бенфика.
Со заминувањето на Меси и неиграњето на Икарди, нападот на ПСЖ во следната сезона ќе изгледа сосема поинаку.
Нејмар засега останува, а во нападот друштво би требало да му прават Дембеле и Рамош.
Двата трансфери се речиси договорени, се пеглаат последните детали за да се официјализираат. Се верува дека тоа ќе се случи до крајот на оваа недела.