недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ПСЖ ги објави првите две летни засилувања

ПСЖ ги објави првите две летни засилувања

Францускиот фудбалски  шампион Пари Сен Жермен ги потврди првите две летни засилувања. Со денови се шпекулираше за преминот на Мануел Угарте и Марко Асенсио, а денес стигнува и официјална потврда за реализација на двата трансфери.

Угарте е дефанзивен играч за врска, а по потреба може да заигра и на стоперската позиција. 24-годишниот Уругваец доаѓа од Спортинг Лисабон за сума од шеесет милиони евра.

Второто засилување за ПСЖ е искусниот Марко Асенсио, кој пред само три дена се збогуваше со Реал Мадрид и веднаш потпиша договор со францускиот гигант.

Шпанецот доаѓа во ПСЖ како слободен агент и без никаква отштета.

„Светците“ најавија голем „ремонт“ во тимот, заминуваат тренерот Кристоф Галтие и неговиот стручен штаб, како и две од трите најголеми ѕвезди, Лионел Меси и Бразилецот Нејмар.

.