сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ПСЖ го има најлошиот старт на сезоната во ерата на катарските сопственици

ПСЖ го има најлошиот старт на сезоната во ерата на катарските сопственици

Пари Сен-Жермен синоќа загуби од Ница (2:3) во 5. коло од францускиот шампионат. Парискиот тим има осум бода (две победи и две нерешени) од пет натпревари и се наоѓа на 3. место во поредокот.

Осумте бодови на ПСЖ од првите пет кола се најслабиот резултат во ерата на катарските сопственици на клубот.

На 31 мај 2011 година, „Qatar Sports Investments“ (QSI) купи 70 отсто од акциите на ПСЖ, а една година подоцна стана единствен сопственик на клубот.