недела, 3. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

ПСЖ ќе направи сѐ за да го продаде Мбапе ова лето

ПСЖ ќе направи сѐ за да го продаде Мбапе ова лето

Поради договорот кој ќе му донесе многу пари ако остане уште една сезона, Мбапе не сака да си оди ова лето, туку следното да замине како слободен играч.

Но едно такво сценарио е кобно за ПСЖ бидејќи нема да заработат ниту евро од заминувањето на својот најдобар фудбалер и ќе излезат како големи губитници.

„Ла Паризиен“ тврди дека во ПСЖ ќе направат сѐ што е во нивна моќ да го продадат Мбапе ова лето.

Фабрицио Романо се надоврзува на ова велејќи дека иднината на Мбапе ќе се дознае до крајот на оваа недела или почетокот на следната.

Мбапе не сака да си замине бидејќи ако остане уште една сезона само за плата ќе добие 60 милиони евра, а треба да му биде исплатен и бонус за лојалност од неверојатни 90 милиони евра. Тоа значи дека во игра се вкупно 150 милиони евра.

Токму затоа ПСЖ има проблем да го продаде Мбапе кој си ги сака парите што би му следувале ако остане уште една сезона.