сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ПСЖ подготви 100 милиони евра за Хари Кејн

ПСЖ подготви 100 милиони евра за Хари Кејн

Раководството на ПСЖ подготвува нова бомба на фудбалскиот пазар бидејќи веќе имаат во вид кој би можел да биде новиот напаѓач во тимот.

„Светците“ летово останаа без Лионел Меси, статусот на Нејмар е неизвесен, а не се знае ни што ќе се случи со Килијан Мбапе кој е незадоволен во тимот и би сакал да си оди. Дојде и до тренерска смена, пожарот треба да го гаси Луис Енрике кој е во незавидна позиција затоа што не знае ни со кои фудбалери ќе ја почне новата сезона.

Во такви услови, ПСЖ тргнува по Хари Кејн за кого е подготвен да плати 100 милиони евра и веќе е воспоставен контакт со раководството на Тотенхем. За најдобриот стрелец во историјата на англиската репрезентација е заинтересиран и Баерн, но германскиот првак не сака да плати повеќе од 80 милиони што за Тотенхем е неприфатливо.