понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ПСЖ со нов договор за Маркињос до 2028 година

ПСЖ со нов договор за Маркињос до 2028 година

Фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен објави дека ја продолжи соработката за дефанзивецот Маркињос.

Бразилскиот фудбалер потпишал договор со важност до летото 2028 година, со што клубот потврди дека овој фудбалер му е важен и ќе биде дел од тимот за во наредните сезони.

Маркињос игра за ПСЖ од летото 2013 година, а од тогаш седум пати беше шампион на Франција, шест пати го освои Купот на Франција, исто толку пати и Лига купот на Франција.

Сезонава бразилскиот дефанзивец одигра 42 меча за клубот во сите натпреварувања, а постигна два гола.