четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ПСЖ со сите ѕвезди го пречекува Баерн во осминафиналето на Лигата на шампионите

ПСЖ со сите ѕвезди го пречекува Баерн во осминафиналето на Лигата на шампионите

Денеска ќе се играат првите натпревари од осминафиналето во фудбалската Лига на шампионите, во Париз ривали ќе бидат ПСЖ и Баерн Минхен, додека Милан на „Сан Сиро“ ќе го пречека Тотенхем. Двата мечеви ќе започнат од 21.00 часот.

Парижаните некако го плаќаат цехот на Мундијалот во Катар, Лионел Меси кој ја освои светската титула се приклучи дури на почетокот на јануари, имаше проблеми со повреда на мускулот. Тој беше знак прашалник за денешниот меч на „Паркот на принцовите“, но се опорави, како и Килијан Мбапе, па и двајцата се меѓу повиканите играчи за натпреварот. Само тренерот на ПСЖ Кристоф Галтје знае колку можат двајцата да придонесот и дали ќе играат од првата минута.

Баварците во Париз дојдоа без Садио Мане, кој не го помина фитнес тестот и ќе чека да се врати на теренот. Тренерот на германскиот шампион Јулијан Нагелсман е задоволен од подобрувањето на формата на целата екипа.

Овие два тима до сега имаат одиграно осум натпревари во европските купови, петпати победија Баварците, а трипати парижаните. Тие се сретнаа во финалето на Лигата на шампионите во 2020 година и Баерн победи со 1:0 со голот на Кингсли Коман во 59 минута.

Потсетување дека финалето оваа сезона во ЛШ ќе се игра на 10 јуни на стадионот „Ататурк“ во Истанбул, Турција.

Лига на шампиони, осминафинале (први натпревари)
Денеска, двојки –

ПСЖ – Баерн Минхен 21.00 часот
Милан – Тотенхем 21.00 часот