Клубот од Лондон Арсенал ги прекина преговорите за нов договор на Микел Артета. Не се работи за сомнеж во неговата работа, туку не сакаат да го оптоварат Шпанецот во борбата за титулата.
Сепак, „топчиите“ стравуваат дека би можеле да го загубат Артета, затоа што раководството на ПСЖ наводно е импресионирано од неговата работа и го гледа како идеално решение за наследник на Кристоф Галтие.