ПСЖ сака да го доведе во своите редови Хари Кејн, еден од најдобрите напаѓачи во светот член на Тотенхем и репрезентативец на Англија.
Како што пренесуваат медиумите во Франција и Англија, спортскиот директор на “светците“, Луис Кампош, веќе имал разговори со менаџерскиот тим на Кејн.
Сепак не се објавуваат детали од тие разговори, а се знае дека за услугите на Кејн се заинтересирани речиси сите најголеми клубови во Европа, како Баерн Минхен, Барселона и Манчестер Јунајтед.