понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Пулишиќ: Направивме горди многу Американци

Пулишиќ: Направивме горди многу Американци

Напаѓачот на американската репрезентација Кристијан Пулишиќ беше еден од најдобрите поединци на натпреварот против Англија, кој заврши без победник и без голови.

„Колективно имавме многу солиден настап против исклучителен противник. Се надеваме дека направивме горди многу луѓе во нашата земја. Тоа ни дава самодоверба за последниот натпревар, во кој победата ќе биде императив“, изјави Пулишиќ.

Англија во вторник ќе игра против Велс, додека Американцит истиот ден ќе се сретнат со Иран. Англија дури и со пораз ќе игра осминафинале, а само Велс, од сите четири селекции во групата Б, не зависи сам од себе за пласман во следната рунда.