сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Работна група од легендарни фудбалери ќе ја опоравува германската репрезентација

Работна група од легендарни фудбалери ќе ја опоравува германската репрезентација

Германската фудбалска федерација (ДБФ) објави синоќа дека ќе формира група составена од неколку поранешни фудбалски ѕвезди чија цел ќе биде да ја опорави репрезентацијата откако беше елиминирана во групната фаза на Мундијалот во Катар.

Работната група, која мора да му помогне на националниот тим да се подготви за ЕУРО 2024 во Германија, ќе ја сочинуваат Карл – Хајнц Румениге, Матијас Замер, Руди Фелер, Оливер Кан и Оливер Минцлаф, најави претседателот на ДФБ, Бернд Нојдорф.

Исто така, потврдено е дека селекторот Ханси Флик останува на должноста до 2024 година и покрај раната елиминација во Катар.

Германската фудбалска федерација сега мора да најде наследник на директорот на репрезентацијата Оливер Бирхоф, кој беше сменет од должноста по неуспехот на Светското првенство 2022.