Со победата над Академија Пандев остварена синоќа во Скопје, екипата на Работнички изби на врвот на табелата во Првата македонска фудбалска лига.
„Романтичарите“ победија со 1:0 со голот на Остоја Стјепановиќ постигнат од пенал во 13.минута.
За Работнички ова беше трет триумф во низа, а за струмичани прв пораз во годинашниот шампионат.
Другите саботни средби од четвртата рунда завршија нерешено:
Беласица – Вардар 1:1,
Ренова – Македонија ЃП 1:1,
Силекс – Победа 0:0.
Денес Шкупи е домаќин на Шкендија.
Табела: Работнички 9 бода, Академија Пандев 9, Вардар 8, Шкендија 5, Силекс 5, Победа 5, Ренова 4, Шкупи 2, Македонија ЃП 2, Беласица 1.
(Миа)