Фудбалерите на скопски Работнички со победа од 1:0 на гостувањето против Академија Пандев го стартуваа вториот дел од сезоната во домашниот фудбалски шампионат.
На теренот покриен со снег подобро се снајдоа гостите од Скопје кои во 79-тата минута преку Кристијан Стојкоски ја искористија грешката на домашниот голман Марко Јовановски и стигнаа до значајни три бода.
Останатите натпревари од првото коло во вториот дел од сезоната се играат утре со почеток од 14 часот, а 19-тата рунда ќе мине во знакот на дербито во Скопје во кое Вардар го пречекува Пелистер додека во Струга, домашниот тим кој е на четвртата позиција е домаќин на третопласираната Македонија ЃП.
ФУДБАЛ – ПРВА ЛИГА
Академија Пандев – Работнички 0:1
УТРЕ
Вардар – Пелистер
Силекс – Шкендија
Борец – Шкупи
Ренова – Беласица
Струга ТЛ – Македонија ГП
ТАБЕЛА
- Шкендија 18 11 6 1 36:12 39
- Шкупи 18 9 6 3 28:17 33
- Македонија ЃП 18 10 3 5 31:24 33
- Струга ТЛ 18 7 7 4 20:15 28
- Работнички 19 6 9 4 23:20 27
- Вардар 18 6 7 5 24:24 25
- Борец 18 7 4 7 20:20 25
- Силекс 18 6 4 8 25:22 22
- Ренова 18 4 7 7 19:25 19
- Пелистер 18 4 6 8 15:22 18
- А. Пандев 19 5 2 12 13:24 17
- Беласица 18 2 3 13 12:41 9