Трофејниот шпански стратег Рафаел Бенитез го напушти Евертон во јануари минатата година, а после неколку месечна пауза се враќа на тренерската работа и кариерата ќе ја продолжи во Шпанија.
Како што пренесува „Атлетик“, Шпанецот ќе биде нов тренер на Селта од Виго, а на тоа место ќе го замени Карлос Карвахал кој го напушти клубот по раскин на договорот.
Бенитез во изминатите 18 месеци добил околу 20 понуди за работа, вклучувајќи и од Саудиска Арабија, но ги одбил.