Фудбалерите на Барселона ги совладаа Реал Мадрид со минимални 1:0 во пријателски натпревар пред почетокот на сезоната во Ла Лига.
Популарното „Ел Класико“ се одржа во Лас Вегас, бидејќи и двете екипи се подготвуваат за новата сезона во САД.
Стрелец на единствениот гол беше засилувањето од Лидс, Рафиња во 27 минута со прекрасен шут од 20-тина метри.
Деби во дресот на Барселона имаше и новиот напаѓач Роберт Левандовски кој го одигра првото полувреме и имаше два шута, првиот го одбрани Куртоа, а вториот го блокираше Давид Алаба.