Реал Мадрид би можеле да се утеши со трансфер на Рахим Стерлинг од Манчестер Сити, тврди британскиот „Сан“.
Флорентино Перез подолго време го следи Англичанецот, кој влегува во последните 12 месеци од неговиот договор од 350.000 фунти неделно со англискиот шампион и се верува дека Сити не се подготвени да му понудат обновувае.
27-годишниот Стерлинг, пак, во исто време има амбиции да ја продолжи кариерата надвор од Премиерлигата, откако во 2020 година во интервју за „Марка“ призна дека го обожува Реал Мадрид и дури се фотографираше со дрес на „кралевите“.