Италијанскиот фудбалер Давиде Астори кој почина ноќта помеѓу саботата и неделата, 31-годишна возраст, не починал од срцев удар.
Капитенот на тимот од Фиренца не се разбудил од сон во хотелот во Удине, каде што Фиорентина требаше да го одигра натпреварот со Удинезе.
Со оглед на состојбата во која е проајден, Астори најверојатно имал мозочен удар, објави денска РАИ.
Астори има одиграно 14 натпревари за националниот тим на Италија.
Кариерата ја започна во Милан, а потоа играше за тимови како Кремонезе, Каљари и Рома.
Сите дуели од 27. коло од Серија А се одложени поради смртта на капитенот на Фиорентина, одлучи комесарот на шампионатот, Џовани Малаго.