среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Рајола: Не мислам дека Холанд на лето ќе ја напушти Борусија Дортмунд

Рајола: Не мислам дека Холанд на лето ќе ја напушти Борусија Дортмунд

Мино Рајола, агентот на напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Холанд, го сподели своето мислење за напредокот на фудбалерот и неговата кариера во иднина.

-Холанд е богатство. Убаво е да се види како напредува на секој натпревар. Никој не очекуваше тој толку брзо да се прилагоди во Бундеслигата и неговите настапи во Лигата на шампионите како дел од тим како Борусија. Не е лесно да се преселите од Австрија во Германија и веднаш да се демонстрира такво ниво. Сепак, Ерлинг сè уште има простор да расте. Тој ќе игра во Борусија онолку колку што е потребно. Едноставно ги руши сите идеи за тоа колку брзо може да напредува фудбалер. И покрај сите понуди, не мислам дека тој ќе го напушти Дортмунд ова лето, изјави Рајола.

Холанд се пресели во Борусија од Салцбург во зима 2020 година за 20 милиони евра. Деветнаесетгодишниот Норвежанец има 13 голови и 3 асистенции на 12 натпревари за тим од Дортмунд. Претходно во медиумите се појави информација дека за напаѓачот се заинтересирани Реал и ПСЖ.