среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Рајола знае во кој клуб Халанд ќе направи трансфер

Рајола знае во кој клуб Халанд ќе направи трансфер

Мино Рајола вели дека знае по кој пат треба да оди кариерата на Ерлинг Халанд и додава дека со години крои планови за слeдната дестинација на Норвежанецот.

Ерлинг Халанд треба да биде една од ѕвездите на летниот преоден рок во 2022 година, се верува дека во неговиот договор има откупна клаузула од 75 милиони евра, сума која е по мерак на многу клубови.

Во разговор со Спорт1, Мино Рајола вели дека знае во кој клуб напаѓачот ќе се пресели, со години крои планови за следната дестинација.

„Размислуваме, кроиме планови две години. Имаме јасни идеи за тоа каде Ерлинг треба да се пресели и секако следиме што пазарот има да понуди. Би бил лош агент доколку не го правам ова. Можеме да влијаеме на пазарот со играч како Ерлинг, пазарот не може да влијае врз нас“ – вели контроверзниот агент.

„Го имам променето трансфер пазарот со моите играчи. Ние агентите криравме втора игра покрај фудбалот, се вика „Калчомеркато“ (трансфер пазар на италијански). Сега за натпреварите се зборува два дена, а во останатите пет дена се зборува за трансфери. Можеби спортските директори ме мразат, но јас никого не мразам. Едноставно си ја вршам работата…. и да, понекогаш сакам да ја поминам границата“.